
Едно лице загина, а седум се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила кај Стража на патот Маврово – Кичево. МКД.мк излезе со информација дека во сообраќајката учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот Рекет.
Од МВР не даваат потврда за идентитетот на учесниците.
Околу 15,30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, јавува МВР.