Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, доктор Пановски носител на советничка листа

Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.

Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог д-р Никола Пановски.

-Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат, рече лидерот на ЛДП, Горан Милевски.