
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се огради во врска со скандалот за упасениот дипломат Миле Миленкоски и изјави дека во времето кога била распишана меѓународната потерница, министер за внатрешни бил Наќе Чулев.
– Меѓународната потерница е распишана од Ерменија на 25 февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев. Што во тој момент е направено, дали е известено МНР, или не е известено, јас немам детални информации. Сега кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР – одговори Спасовски на новинарско прашање.
Тој додаде дека истрагата се водела во Ерменија, а не во Македонија и дека меѓународната потерница била прикачена во МВР веднаш по барањето од Интерпол.