Албански државјанин уапсен за пожарот кај Плетвар

Вчера наутро во 06.00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода А.М.(54) од Република Албанија поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар во објект на превојот „Плетвар“ на патниот правец Прилеп – Градско, соопштија од МВР.

Лицето е задржано за понатамошна постапка.