
Ниедна од партите во Бугарија коишто се обидуваа да состават влада по неодамнените повторени парламентарни избвори не успеа во напорите, а последната која се обиде во тоа Бугарската социјалистичка партија (БСП) во вторникот го врати мандатот.
По изборите од 11-ти јули, ниту социјалистите, коишто се третата најсилна бугарска партија по тие избори, не успеаја да обезбедат мнозинство и својот мандат му го вратија на претседателот Румен Радев.
„За жал, не очекуваат нови избори и преговори“, коментираше Радев откако на лидерката на социјалистите Корнелија Нинова и пожела успех на следните избори.
По третиот неуспешен обид за создавање на владата, шефот на државата Радев мора да го распушти парлаемнтот, да одреди нов датум за одржување парламентарни избори и да именува нова привремена влада. Не е точно одреден рокот до кога овој процес треба да биде завршен.
Следните из бори во Бугарија ќе бидат третите парламентарни по ред во оваа 2021 година. Иако точниот датум на одржувањето на новите избори сѐ уште не се знае, можно е тие да бидат одржани во ноември, кога се одржуваат и претседателските избори.
БСП, којашто има 36 мандати во парламентот со 240 пратенички места, зависи од поддршката на пет други партии од кои некои се изразени меѓусебни противни.
Новата партија ИТН (Има таков народ) на популарниот телевизиски водител и шоумен Слави Трифонов победи и на изборитѕе од 11-ти јули со 65 мандати, тесно победувајќи ја ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) на поранешниот речиси децениски премиер Бојко Борисов, која осви 63 мандати.
Ниту двете партии не можеа да состават влада поддржана од мнозинство, ИТН се судира со истите проблеми како и БСП и не може да ги обедини другите помалку партии, додека со ГЕРБ одбиваат да соработуваат речиси сите групации кои може да ѝ овозможат парламентарно мнозинство.
Борисов и ГЕРБ ја загубија поддршката од избирачите откако граѓаните и политичките партии во 2020 година излегуваа на долги масовни протести, обвинувајќи ја нивната влада за корупција. Такви забелешки и осуди дојдоа и од САД и најдоа простор во влијателните западни медиуми.