
Романскиот селектор Мирел Радои остана само на 17 фудбалери по позитивниот тест на короанвирусот на Јанис Хаџи.
Симптомите кај голгетерот на Романија се појавиле во вторникот, а направениот тест на крај дал позитивни резултати.
„Од лекарскиот тим ме информираа дека брзите тестови биле негативни, чекаме резултат од PCR тестовите, па моравме и да импровизираме на тренингот“, рече романскиот селектор.
Синот на славниот романски голгетер Георги Хаџи беше стрелец на победничкиот погодок на првата средба со македонската репрезентација.