Мицкоски: Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово

„Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по она што се случува во ковид-центарот во Тетово и додава:

„ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа“.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1955707631271353