
Италијанскиот актер Нино Касталнуово, љубовниот партнер на славната француска актерка Катрин Денев во филмот „Шербурските чадори“, почина во 84-та година од животот, објави во вторникот вечерта неговото семејство.
Актерот починал во понеделникот во Руим по долго боледување, соопти неговата сопруга, актерката Марија Кристина Ди Никола, со која имаше две деца.
Нино Кастелнуово, роден на 28-ми октомври 1936 година како Франческо Кастелнуово, започнал да глуми споредни улоги во релативно скромни филмски остварувања кон крајот на 1950-те одини. Потоа станува познат со улогата во „Роко и неговите браќа“ од 1960 година на славниот режисер Лукино Висконти, заедно со Ален Делон, Ани Жирардо и Клаудија Кардинале.
Популарноста ја стекнува благодарејќи на телевизиската адаптација на ремек-делото на италијанската книжевност „Свршениците“ (I promessi sposi) на Алесандро Мазони. Во Франција, пак, се прослави со улогата на младиот Ги, вбљубен во Женевјев која ја толкуваше Катрин Денев во „Шербурските чадори“, култниот филм на Жак Деми награден со Златната палма на фестивалот во Кан во 1964 година.
Во „Англискиот пациент“ на Ентони Мингела од 1996 година, го толкуваше ликот на археологот Д’Агостино.