
Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, претежно во крајните западни и источни делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 16 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и посвежо со утринска температура до 14 степени, а дневна до 25 степени.
Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела, информираат од УХМР.