
Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по обраќањето на министерот во оставка, Венко Филипче рече дека премиерот Зоран Заев е на ред да го стори истото.
-Зоран Заев ти си на ред. Немој да чекаш! Немој да мислиш дека Венко Филипче несреќата ја примил куршум за тебе и те спасил. До последен здив ќе те прогонуваме да си ја сносиш одговорноста, не поминуваш неказнето! Венко спремај се за одговорност за сѐ што си направил, напиша Арсовски на Фејсбук.