
Формирана е нова влада во Либан, со што се стави крај на 13-месечната блокада што доведе до уште подлабока финансиска криза и сиромаштија во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот Мишел Аун.
Кабинетот на претседателот денеска соопшти дека е потпишан указот за новата влада, предводена од милијардерот бизнисмен Наџиб Микати.
Либан е без редовна влада од големата експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, што доведе до оставка на кабинетот на тогашниот премиер Хасан Диаб.
Оттогаш имаше несогласувања помеѓу различните политички групи околу составот на идната влада.