Апсење во Глумово за трговија со дроги

Во скопско Глумово е приведен треисетгодишник, откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени дроги и индиции дека се занимавал со нелегална трогвија со наркотици, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.

Приведувањето на осомничениот е изведено во четвртокот вечерта по 18.30 часот, откако во скопското село глумово од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиени информации и издадена судска наредба, при извршен претрес врз него, во неговиот дом и викенд куќата на 30-годипниот М.П. од Скопје, пронајдени се марихуана, метамфетамин и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.