
Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирусот, но ќе почека таа да биде широко достапна, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
„Ќе почекаме додека не стане пошироко достапна, што го очекуваме наскоро“, изјави Псаки на брифингот со новинарите во Белата куќа.
Претседателот Бајден во август во интервјуто за телевизиската мрежа ABC News рече дека тој и првата дама Џил Бајден ќе ја примат третата доза од вакцината против Covid-19 за да го зајакнат имунитетот, кога неговата администрација и објави плановите за тоа дека за возрасните лица во САД ќе биде дистапна ткн „бустер“ доза од вакцините од 20-ти септември.
Програмата за третата доза се покренува икао неодамна беше објавено дека во САД се фрлени неискористен над 15 милиони дози од вакцините, како и дека милиони Американци допрва треба да ја примат втората доза. Исто така, во јавноста има забелешки и дека стотици милиони луѓе во светот сѐ уште очекуваат залихи од вакцините.
Седумдесет иосумгодишниот Бајден и неговата сопргуа ја примија првата доза од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ ланскиот декември, кога вакцините тукушто се дистрибуираа во САД.
Американските здравствени власти го бранеа планот на администрацијата да понуди уште една доза од вакцините за Америакнците како дополнителна заштита од коронавирусот, иако многу во светот допрва ги очекуваат и првите дози, истакнувајќи дека САД донирале повеќе дози од вакцините на меѓународно ниво од сте други земји заедно.