
Две лица загинале а уште девет други се повредени во невремето кое го зафатило малиот италијански остров Пантелерија каде превретувала возила.
Во торнадото загинал пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж кој во петокот вечерта патувал во популарното туристички место јужно од Сицилија.
На видиоснимките кои ги објави италијанската Агенција за цивилна заштита се гледаат превртени автомобили и зграда која ја погодил автомобил од ветрот кренат во воздухот.
„Тешко е да се прифати вакво нешто. Ова е голема болка“, напиша локалниот градоначалник Винченцо Кампо.
Новинската агенција ANSA објави во саботата дека спасувачите и натаму трагаат по исчезнати и дека траат напорите за повторно отворање на патиштата уништени во торнадото.
https://www.youtube.com/watch?v=Vb_vyP33ky4