
Американското Федерално биро за истраги (FBI) го објави првиот од, како штос е очекува, неколку свои документи во врска со истрагата по теористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година, и сомневањата за поддршлата од владата на големиот арапски сојузник Саудиска Арабија на грабнувачите на цивилните авиони, по неодамнешниот извршен указ на претседателот Џо Бајден.
Штотуку објавениот докумнет, датиран од 2016 година, изнесува поединости од ангажманот на FBI во истрагата за можната логистичка подршка кои саудискиот конзуларен функционер и осомничен саудиски разузнавачки агент во Лос Анџелес им ја пружале на најмалку двајца мажи кои учествувале во грабнувањето на четирите авиони на цивилни летовои на 11-ти септември 2001 година.
Материјалот со датум од 4-ти април 2016 година е составен врз основа на резултатите од разговорите меѓу агентите на FBI и вработен во конзулатот на Саудиска Арабија во Лос Анџелес. Притоа, агентите ги откриваат неговите врси со лицата кои помогнале во логистиката на грабнувачите на авионите Наваф ал-Казми и Калид ал-Мидхар.
Разговорот бил воден на 12-ти и 13-ти ноември 2015 година. Документот има 16 страници со многу сѐ уште прекреин текст, а посебно е исклучен делот со името на самиот извор, кој барал да добие американско државјанство.
Документот кој е објавен на двесетгодишнината од смртоносните напади со околу три илјади жртви кој е најголемиот терористички чин изведен на американска територија во историјата, сѐ уште има значителни изоставени делови.
Во документот се изнесуваат поединости за повеќекратните пповрзаности и изјави на сведоци кои ги поттикнуваат сомнежите во FBI кон Омар ал-Бајуми кој е наводно е саудиски студент во Лос Анџелес, а Бирото го сомнички дека е саудуски разузнавачки агент.
Во документот на FBI тој е опишан како длабоко вмешан во давањето „помош околу патувања, сместување и финансирање“ на двајца грабнувачи.
Саудиската амбасада во Вашингтон претходно во средата соопшти дека го „поздавување објавувањето“ на документот на FBI, како дека „секое обвинување дека Саудиска Арабија е соучесник во нападите од 11-ти септември е категорички лажна“.
Извршниот указ на Бајден беше потпишан откако повеќе од 1.600 лица, членови на семејствата на кои им се придружија и преживеани и припадници на службите за итна помош, објавија писмо во коешто го повикуваат американскиот претседател да не доаѓа на годинешните комеморации, доколку претходно не ги симне ознаките за доверливот од владините документи за кои веруваат дека ќе покажат дека зад нападите стоеле челниците на Саудиска Арабија.
Набрзо по објавувањето на писмото, американското министерство за правосудство објави дека ќе ги преиспита сите досега затајување информации или документи поврзани со нападите од 11-ти септември 2001 година кои може да бидат откриени за јавноста.