
Времето во неделата во Македонија ќе биде претежно облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Минималната температура е биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 29 Целзисови степени. УВ иднексот ќе има вредност 5.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно. Минималната температура се спушти до 12, а максималната ќе достигне 26 степени.
Облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта во југозападните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Од понеделник следува период на сончево и топло време.