
Реал Мадрид е освојувач на Суперкупот на Шпанија откако во финалето во првото годинашно „Ел Класико“ ја совлада Барселона со 88:83.
Каталонците по три четвртини го контролираа резултатот и имаа предност од 71:62. Но сепак, „кралевите“ одиграа неверојатна последна четвртина и на крајот славеа.
Серхио Љуљ со 24 поени беше прво име на натпреварот, додека кај Барселона Кори Хигинс заврши со 16 поени.