
Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен претходно во понеделникот во некои медиуми, Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информира дека со Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ.
„Ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина“, велат од неговиот кабинет.