
Во последниот натпревар од третот коло од италијанското фудбалско првенство, во понеделникот вечерта Болоња ја совлада Верона со 1:0.
Стрелец на победничкиот погодок беше Матијас Сванберг во 78 минута.
Болоња одлични ја започна годинешната сезона и во првите три кола освои седум бодови со кои е во групата од 4-то до 6-то место, додека Верона е без бодови и поради подобрата гол-разлика од Салернитана е претпоследна 19-та.
На табелата водат Рома, Милан и Наполи со максималните девет бодови, додека Интер, Удинезе и Болоња ги следат со седум бодови.