
Денеска (13.09.2021) во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги ја лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје.
Таа се барала по потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.