
Австралиец на возраст од 43 години брутално претепал полицајка во сиднејското предградие Бенкстаун додека таа се обидувала да го натера да оди дома поради строгите мерки.
Инцидентот бил снимен, а почнал откако полицајците го виделе човекот како стои на улица и го замолиле да замине. На видеото се гледа како човекот ја удира и шутира полицајката, додека нејзината колешка повикува помош.