Во Љубљана тензично – факели летаа кон Парламентот во протестот против ковид-рестрикциите

Запалени факели летаа кон зградата на словенечкиот парламент вечерва во протестот против ковид-рестрикциите на плоштадот „Република“ во Љубљана. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.

https://twitter.com/n1slovenija/status/1438215817242497026?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1438215817242497026%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fbalkan%2Ftenzii-vo-ljubljana-fakeli-letaa-kon-parlamentot-vo-protestot-protiv-kovid-restrikciite%2F

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но се случи инцидент кога еден од учесниците фрли шише врз еден од полицајците кои го обезбедуваа собирот. Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон собраниската зграда. Според Н1- Словенија, на собирот се и навивачките групи на двата најголеми фудбалски клуба во земјата.

Кога толпата се приближи кон собранието и почна да фрла факели, полицијата одговори со солзавец и ја растури групата. Многу демонстранти побегнаа.

Денеска во Словенија стапија во сила заострените мерки против ковид кои предизвикаа големо незадоволство кај невакцинираните. Најголемото незадоволство е кај возачите кои ако немаат ковид-пропусница не можат на наточат гориво во својот автомобил. Демонстрантите упатија две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот во препораки и распишување предвремени избори.

https://twitter.com/n1slovenija/status/1438213439202250752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1438213439202250752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fbalkan%2Ftenzii-vo-ljubljana-fakeli-letaa-kon-parlamentot-vo-protestot-protiv-kovid-restrikciite%2F