
Премиерот на Косово Албин Курти без прецизен одговор дали и кога Приштина ќе ги екстрадира обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.
Косовскиот премиер најави дека ќе бара меѓународна помош за тој, но и за други судски предмети.
– Министрите за правда на нашите влади се во директен и редовен контакт, бидејќи тие соработуваат и за ова прашање. Од минатото знаеме дека наследивме трагични случаи, тешки предмети, но има и други предмети кои според мое убедување не се разјаснети до крај и за кој сѐ уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, за правдата да дојде до крај и да се најде вистината – одговори Курти на новинарско прашање.