Николоски: Концептот на Заев е мафијашки и не дозволува да падне некој од неговиот прв круг

Оваа Влада работи по систем на мафија, тие се мафија. Не го сфатија серизоно случајот со трагедијата во болницата во Тетово, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и наводно министерот за здравство Венко Филипче ќе даде оставка, а сега се обидуваат да извршат притисок темата да не се експлоатира во медиуми, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

„Во сета пиар агенда излезе нон пејпер, кој го има куцано Никола Димитров. Еве екслузивно автор е Димитров и зошто го има правено он знае дека има грешки. Но никој не се фати на јадицата. Поголема тема од оваа нема. Луѓето одат да се спасат во болница, а овде поради мафијаши умираат. До денес не објавија ниту колку и кои се починати“, посочи Николоски.

Според него концептот е да пробуваат, да се повлекуваат од проекти, но никако да паднат луѓе од нивниот тесен круг.

„Пробаа со законот за марихуана па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе“, рече Николоски.