
Русија го заврши тестирањето на својот нов противракетен систем С-500 „Прометеј“ и почна да го испраќа на оружените сили, кажа заменик премиерот Јуриј Борисов, а пренесува новинската агенција РИА.
Според своите карактеритсти, С-500 значително ги надминува својот претходник С-400 и американскиот конкурент во класата напредни противвоздушни ракетни системи Patriot Advanced Capability — 3.
Го опишуваат и како „вселенски“ одбранбен систем поради способноста да пресретнува интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки проектили и напредни авиони.
Русија почна да го тестира минатата година и војската најави дека првично ќе биде распореден околу Москва. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2019 година кажа дека Анкара сака заеднички да го произведува системот С-500 со Москва.