
Клективното раководство на Општинската организација на Демократскиот сојуз на Власите за Општина Струга ги известува своите членови поддржувачи и симпатизери дека излеговме од коалицијата со СДСМ за Општина Струга поради арогантниот, препотентниот и циничниот однос кон нас изминативе четири години се вели во соопштението што го објави порталот Охрид1.
„Не сакаме повеќе да сме бројка и декор во таа коалиција!“, велат од ДСВМ-Струга и додаваат:
„Најголем доказ за нивната игноранција кон нас е тоа што на листата со кандидати за советници предводена од СДСМ немаат ниту еден преставник од влашката заедница. Тоа е голема навреда за нас Власите кои живееме во Општина Струга и придонесуваме за развој на општината и тоа во сите сфери.
За разлика од нив. На листата на кандидати за советници за Општина Струга на ВМРО-ПМНЕ, ставиле кандидат од нашата, влашка заедниц,а и тоа на високото трето место, што е реално добитна позиција и за прв пат нашиот ентитет ќе има советник во советот на општината.
Ја напуштаме коалицијата со СДСМ на локално ниво бидејќи заслепени од власта нашите коалициски партнери продолжија со арогантноста и цинизмот иако ги изгубија парламентарните избори во нашата општина и не извлекоа поука дека не може без оние кои те донеле на власт.
Повторно на листата со кандидати за советници има бајат партиски кадар и тоа на добитно место, истиот оној кој со „метлата“ на претседателот на СДСМ, г-динот Зоран Заев еднаш беше „изметен“. Неговата политичка реинкарнација и ставањето за кандидат во општинскиот совет ја прави таа листа губитничка, за жал. Метлата се знае што мети“!