
Според бројот смртни случаи како последица од компликациите предзвикани од зараза со корнавирусот минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е инаку четврто место во светот.
Во Европа, според смртноста, по Македонија следуваат Бугарија, Босна и Херцеговина, и Косово, а Србија се наоѓа на 27-то место во светот.
Кога станува збор за коронаинфекциите, пак, во изминатите седум дена Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.
Според оваа веб-страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи и е на црната листа по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник Данас.
Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.
Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.