
Франција ја откажа средбата на својата министерка за одбтрана Флоренс Парли со британскиот колега Бен Волас , кој требаша да се одржи следната седмица откако Австралија го откажат вносниот договор за набавка на француски подморници, решавајќи се за договор со САД и Велика Британија, објави во неделата вечерта Reuters повикувајќи се на два извора.
Министерката Парли лично ја донеле одлуката за откажување на билатералниот состанок со британскиот министер за одбрна Волас, рекле изворите на Reuters кои го потврдуваат претходното пишување на весникот The Guardian дека средбата се откажана.
Откажувањето на договорот во изност од повеќе десетици милијарди евра за набавка на подморниците, кој меѓу Франција и Австралија е потпишан уште во 2016 година предизвика дипломатска криза, а Париз на итни консултации ги отповика амбасадорите во Вашингтон и во Канбера, но не му даде слична инструкција и на абасадорот во Велика Британија. Како што истакна францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, се решиле да не преземаат таков потег „знаејќи ја политиката на постојан опортунизам“ во Лондон.
Иако САД и Австралија тврдат ја известиле француската страна за договорот а Камбера дека наводно пред неколку месеци изразѕувала своја загриженост за договорот, Париз категорично негира дека сојузниците ниту ги информирале, ниту ги консултирале за договорот. Во прилог на тоа оди и пишувањето на саботата британскиот весник The Sunday Telegraph објави дека деталите за партнерството во сферата на одрбаната и безбедноста меѓу САД, Велика Британија и Австралија (AUKUS) биле договорени на Самитот на Г7 во јуни годинава во англиски Конрвол, но францускиот претседател Емануел Макрон воопшто не бил известен и свесен за тоа.
Австралија, Велика Британија и САД ноќта кон 16-ти септември го објавија формирањето на новото безбедносно партнерство AUKUS. Како дел од договорот, Австралија планира да набави најмалку осум нуклеарни подморници базирани на американски и британски технологии, од кои првата треба да биде ставена во служба во 2036 година, како и повторно опремување на своите вооружени сили со американските крстосувачки проектили.
Поради тоа, Канбера го раскина со Франција најголемиот договор во сферата на одбраната во својата историја, на што Париз жестоко реагираше оценувајќи го потегот како „заривање нож в грбот“ од страна на сојузниците во НАТО