10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Синот на Брена Виктор и неговата девојка Сандра Мијаковиќ си дадоа нова љубовна шанса

Синот на пејачката Лепа Брена и неговата девојка Сандра Мијаковиќ си дадоа нова љубовна шанса.

Имено парот пред неколку недели ја раскинале врската и патиштата им се раздвоиле, но српските медиуми повторо пишуваат дека парот си дал нова шанса.

Доказ за тоа е нивното повторно заследување на социјалната мрежа Инстаграм, бидејќи претходно тие меѓусебно се избришаа.

Овој пат првиот чекор го направил Виктор Живојиновиќ кој ја запратил на Инстаграм Сандра, а и а лајкнал и последната фотографија на поранешната девојка на која речиси не би одолеал никој.

На неа таа позира во кратко фустанче истакнувајќи ги долгите нозе додека е излезена и се забавува доцна во ноќта.

Инаку како што пишуваа српските медиуми наводно за крај на врската пресудило последниот заеднички одмор со семејството на Виктор во Дубаи каде Брена не се одвојувала од својот син, а тоа и пречело на неговата девојка.