
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 264 нови случаи на зараза со коронавирусот а починале уште 14 лица, извести во понеделникот Националниот штаб на цивилната заштита.
Според истиот извор, во моментов во земјата има 7,518 активни случаи, а 685 пациенти се на болничко лекување од кои 85 се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, која има четири милиони жители, досега се потврдени 391.248 зарази со коронавирусот, а 8.514 имале смртен исход.
Во последното деноноќие оздравеле 1.018 пациентио, а во самоизолација во моментов се 10.966 лица.
Заклучно со неделата 19-ти септември потрошени се 3.369.026 дози од вакцините, а вакцинирани се 43,93 отсто од вкупното население, односно 52,73 од возрасното неселение.
Со вчерашниот ден 1.782.796 лица се вакцинирани барем со една доза, а од нив имунизацијата ја завршиле 1.671.137 лица, од кои 1.586.230 лица се вакцинирани се две дози и 84.907 лица се вакцинирани со вацкината на „Jensen“ која се дава во една доза, што прави 49,50 отсто од возрасното население.