Атлетико Мадрид го одбил Роналдо поради страв од навивачите

Актуелниот шпански фудбалски првак, мадридски Атлетико, имал можност летово да го ангажира еден од најдобрите фудбалери на светот во моментов, Португалецот Кристијано Роналдо, меѓутоа „јорганџиите“ се откажале од трансферот поради стравот од реакцијата на нивните навивачи.

Откако летово стана јасно дека Кристијано Роналдо ќе го нашушти италијанскиот великан Јувентус, неговиот менаџер Хорхе Мендес прво му го понудил на шпанскиот шампион Атлетики Мадрид.

Според „Carrusel Deportivо“, спортска прогама која се емитувна Cadena SER, Мендез на тренерот на Атлетикот, Диего Симеоне му ја понудил португалската ѕвезда, меѓутоа челниците на клубот стравувале од реакцијата на навивачите имајќи предвид дека Роналдо девет години мина во лутиот градски ривал Реал.

Откако Атлетико ја одбил понудата, се чинело дека Манчестер Сити се најголеми фаворити за трансферот на Роналдо. Меѓутоа, „Граѓаните“ се повлекле од преговорите, што оставило отворен простор за неговото враќање во Манчестер Јунејтед, чиј дрес Португалецот го носеше од 2003 до 2009 година.

Роналдо за Јунајтед потпиша двегодишен договор, а Јувентус навдоно добил 23 милиони евра отштета. Според британските медиуми, Португалецот на „Олд Трафорд“ ќе заработува 25 милиони евра по сезона.

Роналдо во првите два настапа за манчестерските „Црвени ѓаволи“ постигнатри погодока. Два во победата против Њукасл Јунајтед од 4:1, а еден во неделниот триумф над Вест Хем од 2:1.