Стара напуштена куќа пеплосана во Адвокатска улица

Пожарот кој во вторникот вечерта избувна во централното градско подрачје на Скопје пеплоса стара напуштена куќа.

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за КУРИР, информира дека пожарот е веќе изгаснат и нема опасност за ширење.

Во пожарот во Адвокатската лица, во старото Пајко маало, зад Универзитетската библиотека а спрот комплексот на стариот МНТ, интервенирале 18 пожарникари со пет  возила, а бил пријавен во 21,18 часот.