
тник во автобус на автопат во јужна Германија го земал возачот како заложник во вторникот, објави вечерта полицијата додавајќи дека заложничката криза е успешно завршена и дека грабнувачот е уапсен.
Електронското издание на весникот Bild извести дека околу 21,25 часот командосите на федералната полиција познати по кратенката SEK влегле во автобусот, по што се слушнале четири детонации. Потоа, целата област била осветлувана од хеликоптер,
Полицијата на Twitter објави дека ја затворила делницата на автопатот А9, јужно од Нуремберг во сојузната покраина Баварија, но не ја наведе причината. Потоа соопшти дека се претпоставува оти во автобусот има вооружено лице и други луѓе, како и дека патниците претходно успеале да го напуштат возилото.
Според информациите на Bild, автобусот допатувал од странство. Станувало збор за редовна линија, на која дошло до рапсравија а еден од патниците се заканувал со оружје, како и дека покрај грабнувачот во автобусот останале и двајцата возача.
„Осомичениот е уапсен, оружје досега не е најдено“, соопшти доцна вечерта германската полиција. Додава дека сообраќајот на автопатот наскоро ќе биде обновен.