
Поранешните југословенски кошаркарски репрезентативци Владе Дивац, Тони Кукоч и покојниот Дражен Петровиќ се вброени меѓу легендите на НБА лигата.
Спроти почеток на јубилејната 75 сезона во најсилната светска кошаркарска лига, на официјалниот сајт на натпреварувањето е претставена листа од 110 најистакнати кошаркари, кои како што се наведува, придонеле НБА да стане водечки глобален спортски и медиумски бизнис.
Листата на најголеми НБА ѕвезди ја предводат Мајкл Џордан, Лари Бирд, Карим Абдул Џабар, Коби Брајант и други големи имиња, вклучувајќи ги и Арвисад Сабонис и Јао Минг.