
Речиси две третини од испитаниците во Македонија сметаат дека владата на премирот Зоран Заев предводена од неговата СДСМ лоше се справува со панемијата на коронавирусот, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот Организацијата за граѓански активизам и независност, спроведено во периодот од 13-ти до 17-ти септември.
Резултатите од анкетата покажуваа дека дури 72,1 отсто од испитаниците оценуваат дека актуелната влада лошо управува во со пандемијата на Covid-19. Од друга страна, пак, само 16,9 проценти со „Да“ одговориле на прашањето „Дали Владата на Република Северна Македонија правилно се справува со ковид пандемијата?“. Не знаеле или немале одговор на ова прашањ 11 отсто од испитаниците.
Резултатите на ова прашање се добиени на репрезенативен примерок од 1.156 испитаници на целата територија на земјата спроведена во истиот временски период од истражувањето, со маргина на статистичката грешка од плус-минус 2 отсто.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Македонија, раната пролет минатата 2020 година, досега присството на вирусот е дијагностицирано кај 188.113 лица, а коронавирусната болест имала фатален исход за 6.511 Пациенти. Заклучно со средата попладнето, бројот на активни случаи изнесува 12.486 од околу двомилионското население.
Македонија имаше убедливо највисока смртност од коронавирус во Европа во последните 13 дена, објави кон крајот на минатата седмица ресурсот „Covid Data Check“.
Имено според нивните податоци во топ 10-те земји со највисока смртност на 100.000 жители во Европа од 4-ти до 17-ми септември прва е Македонија со 18,4 отсто смртност.
Потоа втора е Црна Гора со 13.4 проценти, па Бугарија со 13.1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10.5 проценти. Од нашето опкружување на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4.1 процент.