
Синоќа околу 20 часот во аптека на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаи непознато лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет, настанот во полиција е пријавен во 20.40, информираат од МВР.
Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С., на 40-годишна возраст, кому според пријавеното му се слошило.
Набрзо дошла екипа на службата за Итна медцинска помош и со нивно возило е однесен во универзитестко-клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на Клиниката за кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт.