
Кога ќе го слушнете Заев, Венко или некој друг министер да ви рече дека со ковид-болниците го избегнавме италијанското сценарио, кажете му дека Италија не е ни во првите 10 по смртност во Европа, а Македонија е втора, вели Илија Димовски.
Според статистиката Босна и Херцеговина и Македонија ја надминаа Унгарија и избија на врвот на Европа според бројот на починати од корона на милион жители. Доколку сегашниот тренд продолжи, Македонија за брзо ќе дојде на првото место.
Кога ќе го слушнете Заев, Венко
или некој друг министер
да ви рече дека со Ковид болниците
го избегнавме италијанското сценарио,
кажете му дека Италија не е ни во првите 10 по смртност во Европа,
а Македонија е втора… https://t.co/cbi31dRirc— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) September 24, 2021