
Руската Централна изборна комисија (ЦЕЦ) ги објави официјалните резултати од гласањето за Државната дума на изборите одржани од 17 до 19 септември.
Според резултатите, партијата „Единствена Русија“, чиј член е претседателот Владимир Путин, освои најмногу места – 324.
-Конечните извештаи на изборната комисија, кои се однесуваат на Државната дума, чесно го покажуваат исходот од гласањето. Резултатите се валидни – изјави директорката на ЦЕЦ, Ела Памфилова,
Во Долниот дом на рускиот Парламент, исто така, влегуваат и Комунистичката партија на Руската Федерација (57 места), „Праведна Русија – за правда“ (27), Либерално демократската партија (21) и „Нови луѓе“ (13).
Три партии (Родина, Партијата за раст и Граѓанската платформа) ќе имаат по еден пратеник, а уште пет независни пратеници ќе влезат во Думата.
„Единствена Русија“ на изборите во 2016 година освои 343 места.