
Норвежатните измината ноќ го славеа крајот на рестриктивните епидемиолошки мерки против коронавирусот кој настапи во сабтата со неколку „викенд-парти“, ноќните клубови и пабовите биле преполни, а на многу места атмосферата била дива, известуваат медиумите.
Во градот Трондхајм неколку луѓе побарел лекарска помош, бидејќи се онесвестиле чекајќи во долгите редови. Во неколку градови се пријавени тепачки, повреди и апсењеа, пренесува јавниот телевизиски сервис NRK во неделата.
„Имаше прекшроци, насилни инциденти и тепачки“, изјавил Руне Хекелстранд од полицијата на главниот град Осло. Додал дека поради поседување оружје уапсени се неколкуи лица, а неколку биле сериозно повредени.
Во градот Тонсберг, јужно од престолнината, избувнала масовна тепачка во пристаништетот, а во југозападниот регион Агдер вкупно биле уапсени 12 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.
Норевешка во саботата ги укина сите мерки насочени за спречување на ширењето на заразите со коронавирусот. Меѓу другото, повеќе не се применува праволото за оддржување физичка дистанциа,а отфрлени се и ограничувањата за бројот на учесниците на настани и собири.
Постепено се укинуваат и ограничувањата за влез во земјата. Останува на сила само барањето за карантин во случај на инфекција.
Најмалку една доза од вакцината против Covid-19 промиле 76 отсто од сите Норвежани, а 67 отсто се целосно вакцинирани, покажуваат податоците од норвешкиот Институт за јавно здравје.
https://www.nrk.no/video/ad650ce7-ad95-42dd-8846-650313521ef3
https://www.nrk.no/video/ad650ce7-ad95-42dd-8846-650313521ef3