
Основачот, басист и вокалист на британската рок-група Status Quo, Алан Ланкастер почина на 72-годишна возраст, објави на Twitter во неделата независната дискогафска куќа „Barrel and Squidger records“, со којашто соработуваше музичарот.
„Со длабока тага ве известуваме дека почина легендарниот Алан Ланкастер од Status Quo. Ни претставуваше голема чест да соработуваме со него во последните години“, се наведува во објавата.
Новинарот Крег Бенет, близок пријател на Ланкастер, исто така, на Twitter објави дека музичарот починал во својот дом во Сиднеј опкружен од роднините.
Ланкастер страдал од мултиплекс склероза, тешка автоимуна болест при која може да се јави нарушувања на видот и контролата над мускилите, на чувството за рамнотежа и разни ментални проблеми. Според Бенет, музичарот упорно се борел со болеста и до последниот ден настапувал на сцената, иако му било тешко да се движи самостојно.
Бендот Status Quo е основан во 1962 година, а вкупниот тираж на продадени плочи надминува 110 милиони копии. Во однос на бројот албуми кои станале хитови, групата е само веднаш зад Rolling Stones на Мик Џегер и Кит Ричардс.
Членовите Status Quo сѐ уште настапуваат, иако Ланакстер ја напушти групата во 1985 година, откако се пресели во Австралија, а во декември 2016 година на 68-годишна возраст почина гитаристот Рик Парфит.
Ланкастер во периодот 2013/2014 година учестуваше на концертната турнеја на оригиналната постава на Status Quo.