
Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, во неделата во трката за Големата награда на Русија возена во Сочи ја оствари стотата победа во кариерата.
Хамилтон славеше со резултат 1:30:41.001, станувајќи првиот возач во историјата на Формула 1 кој стаса до 100 победи.
„Беше потребно многу време за да дојдам до стотата победа, а понекогаш не бев сигурен ниту да дојдам до оваа бројка. Ландо денес направи неверојатна работа, имаше неверојатно темпо. Меѓутоа, екипата ги повлече вистинските потези“, изјави по трката Хамилтон.
Второто место со 53 секунди заостанување го освои Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, откако стартуваше како последен поради промена на моторот на болидот, а трет беше Карлос Сајнц помладиот од тимот на Ферари кој имаше повеќе од минута заостанување.
„Трката не беше лесно. За среќа, во завршницата ни помогна дождот. Со казната којашто ја имавме, дефинитивно не очекував ваков резултат“, додаде Верстапен.
Четврт беше Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на Мекларен, петти Финецот Валтери Ботас од Мерцедес, шести Шпанецот Фернандо Алонсо од Алипне, а седми најголемиот губитник на денешната трка, Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен.
Имено, пилотот на Мекларен беше во водство поголемиот дел од трката, но откако заврна дожд Норис предолго остана на патеката со гуми за сува подлога. Коцкањето не се исплатеше, па на два круга пред крајот излета од патеката и Хамилтон го мина. Возачот на Мекларен се врати во трката, но на крајот беше седми.
„Не знам што да кажам. Донесов иста одлука како и екипата. Мислевме дека тоа е вистинскиот пат, за жал, не успеав. Тажен сум, стотив сѐ што можев. Ми беше кажано дека ќе има исто количество дожд, доколку беше така останувањето надвор ќе беше вистинската одлука“, рече по трката разочараниот Норис.
Хамилтон по денешната победа го презема водството во Генералниот пласман со 246,5 бодови, додека Верстапен е втор со два бода помалку. Трет е Ботас со 151 бод.
Во пласманот на конструкторите во водство во Мерцедес со 397,5 пред Ред Бул со 364,5 и Мекларен 234 бодови.
Следната трка се вози на 10-ти октомври за Голематата награда на Турција.
РЕЗУЛТАТИ:
1. Луис Хамилтон (ВБ) Мерцедес 1: 30: 41.001
2. Макс Верстапен (Хол) Ред Бул +53.271
3. Карлос Саинц (Шпа) Ферари +1: 02.475
4. Даниел Рикардо (Аус) Мекларен +1: 05.607
5. Валтери Ботас (Фин) Мерцедес +1: 07.533
6. Фернандо Алонсо (Шпа) Алпине +1: 21.321
7. Ландо Норис (ВБ) Мекларен +1: 27.224
8. Кими Раиконен (Фин) Алфа Ромео +1: 28,955
9. Серхио Перез (Мекс) Ред Бул +1: 30.076
10. Џорџ Расел (ВБ) Вилијамс +1: 40.551 …
ПЛАСМАН НА КОНСТРУКТОРИ:
1. Мерцедес 397,5
2. Ред Бул 364,5
3. Мекларен 234
4. Ферари 216.5
5. Алпине 103
6. АлфаТаури 84
7. Астон Мартин 59
8. Вилијамс 23
9. Алфа Ромео 7