Зафировски: Еден градоначалник треба да биде добар менаџер, а јас тоа го докажав со детската болница Козле

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски смета дека за да се биде успешен градоначалник, потребно е да се биде и добар менаџер кој што ќе знае да управува со комплексните проблеми и ситуации во локалната власт.

Зафировски во дебатната емисија на телевизија Шења која што беше посветена на општина Карпош истакна дека, потребните менацерски способности тој ги поседува и истите почна да ги стекнува кога уште на 10-годишна возраст, почнал да помага и да работи во приватниот бизнис на неговото семејство.

Тој додаде дека сето ова се потврдило и за време на неговото раководење на детската болница за белогробни заболувања – Козле, при што од една руинирана зграда болницата успеа да ја претвори во еден најсовремен мал клинички центар.

„Јас мислам дека еден градоначалник треба да биде и менаџер. Јас потекнувам од семејство кое што се занимавало со бизнис уште во бивша Југославија и јас како син на газдата, од десет години работев во бизнисот. Така да, јас менаџерските особини ги имама стекнато уште како помлад и сето тоа ми даде основ да бидам еден од поуспешните директори во тек на 11-годишно мое директување во детската болница Скопје“, рече Зафировски.

Зафировски посочи дека сепак општина Карпош е една од поголемите и покоплексните општини за менаџирање и поради тоа мора нешто да се превеме и затоа што како една од најурбаните општини во градот Скопје, таа никогаш не била по нечиста, нешто што не е дозволиво за 21 век.

„Останувам на ставот дека мораме нешто да смениме, бидејќи не е една институција кога ќе ја гледате општината Карпош, каде што навистина има таква една нехигиена, што за 21 век е недозволиво да ние во Скопје, во Карпош имаме месни заедници кои што не исполнуваат ниту еден минимум за таква нехигиена. Тука е и секако хаосот во сообраќајот, кој се заложувам дека да го решам“, истакна Зафировски.