
Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот Холидеј Ин. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат.
Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија.
На терен интервенираа две противпожарни возила и десет пожарникари.