Русија бара од ЕУ и НАТО да и наложат на Приштина да ги повлече полициските сили од северот на Косово

Руското Министерство за надворешни работи ги повика НАТО и ЕУ да и наложат на Приштина да ги повлече своите полициски сили од северот на Косово и со тоа да спречи понатамошна ескалација на состојбата.

-Русија е загрижена за ситуацијата на Косово. Настаните одат од лошо кон полошо сценарио – порача портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Претходните денови, патролите на КФОР пристигнаа во Јариње, на административната линија на северот на Косово, со цел да обезбедат слобода на движење.