Нови протести против ковид-потврдите во Љубљана, минут молк за почината девојка

Во центарот на Љубљана и во средата се одржуваат протести против задолжителното вакцинирање против Covid-19 и ковид-потврдите, а пред зградата на владата во центарот на словенечката престолнина трета среда со ред се сопраа повеќе од илјада лица кои не се задоволни со ваквото владино управување со епидемијата.

Полицијата предупреди дека протестниот собир, како ниту претходните два, не е пријавени поради што безбедноста е засилена со бројот своите сили, особено затоа што истиот собир пред два седмица заврши со безредија, упади во телевизијата и напад врз припадниците на полицијата.

Протестот започна во 13 часот и досега не се пријавени инциденти, а полицијата наведуа дка со учесниците извршила повеќе информативни разговори, ги повикала на почитувањето на законот за јавни собири и ги предупредила дека просторпот пред парламентот и владата е под видеонадзор.

Протестот на кој учествуваат главно приврзаници антиваксерски здруженија, но и луѓе кои велат дека не се против вакцинирањето но дека тоа е прашање на личен избор и работа на слободната волја, започна со минута мол во спомен на 20-годишна девојка која утрово почина во љубљанскиот Универзитетски клинички ценатр од последица на миозочен удар, две седмици по вакцинирањето со вакцината на „Јohnson&Johnson“ против Covid-19.

На почетокот на соборите на демонстрантите им се обратил и таткото на починатата девојка, известуваат словенечките медиуми.

„Мојата Катја се вакцинираше за да ја добие слободата. Се зборува само за пороцентите на заболените, но таа не беше тој процент, беше мое дете“, изјавил таткото по што го напуштил собирот.

На собирот, меѓу другите, се случуваат и повици против владата и нејзините политији, но инциденти засега нема. Полицијата предупреди дека на вакви манифестации не е дозволено да се носат опасни предмети, како стапови, камења, пиротехнички средства, како и дека во спротивно ќе биде присилена да дејствува, а предупредува и на протестите да не се носат деца.