
Миле Петков, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Виница, на својата официјална Фејсбук страница напиша дека денеска заедно со пратеничката Даниела Христова, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов, носителот на советничка листа Саше Апостолов и кандидатите за советници официјално ја започнале акцијата „Од врата до врата“.
Тој во својата објава нпосочи дека ќе ги посети сите домови во општина Виница и така ќе им ја презентира програмата и проектите кои тој ги нуди за Виница.