
Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно и посвежо, попладне и кон крајот на денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 22 степена.