
Полусестрата на британската супермодел и актерка Кејт Мос, Лоти Мос често ја интригира јавнсота со разголени фотографии, а неодаман ја шокираше публиката со отворените тврдења дека за неа сексот е исто што и секојдневното миење заби.
Атрактивната 23-годишна Лоти акцентира дека ужива во својата сексуалност и дека затоа многу лесно ги открива своите волшепства на социјалните мрежи.
Лоти неодмана ја потврди својата врска со музичарот Тристан Еванс од британскиот бенд „The Vamps“, а за медиумите рече дека имаат односи секое утро.
„Да, работам за OnlyFans и чувствувам дека тоа ме карактеризираше како нешто валкано и одвратно, но сексот е прекрасна работа. Тоа би требало да биде забавно и лесно и добро добра тема за разговор. Сите го имаат, па зошто толку да се срамиме од тоа“, вели Лоти за The Sun.
„Тоа е нешто што сите го прават наутро. Кога ќе се разбудат, сите ги мијат забите и сите имаат секс. Не во исто време.., па можеби и да. Зависи од позицијата. Многу позитивно сум настроена кон интимата“, додава.
Контровезната убавица минатата година призна дека може да почувствува привлечност кон сите родови идентитет и полови, како и дека секуму кому тоа не му се допаѓа едноставно му ја покажува вратата.
„Луѓето со коишто излегувам секога го прифаќаат мојот избор, а ако не – знаат каде е вратата“, нагласува Лоти Мос.
View this post on Instagram