Коњановски: Да создаваме подобра сегашност и поубава иднина за нашите деца, новата иднина доаѓа во Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски преку видео спот ги повика битолчани да гласаат за него и бројот 7.

-Јас сум Тони, еден од вас, големите предизвици создаваат големи борци и решенија на проблемите. Време е да се врати радоста во Битола, обединети ќе создадеме повеќе. Посветено, со мудрост и добра тактика ќе дојдеме до победите. На Битола и треба нов ритам кој ќе донесе радост за сите луѓе. Да создаваме подобра сегашност и поубава иднина за нашите деца, новата иднина доаѓа во Битола, промените победуваат, вели во својот видео спот Коњановски.