
Ако според Министерот Маричиќ, посетата на еврокомесарот и поранешен специјален пратеник за човекови права Јан Фигел, е „многу врева за ништо“ тогаш редно е како власт да дадат објаснување зошто тој човек за кој „провериле дека нема функција“ било толку проблем да биде пуштен да го посети г-динот Камчев?
Ако е ,,многу врева за ништо’’ , нека му дадат објаснување и на еврокомесарот за проширување Вархеи зошто воопшто морал да реагира, откако неговиот колега и личен пријател го побара бидејќи беше оставен пред вратите на истражниот затвор „Скопје“ без никакво објаснување.
Ако е „многу врева за ништо“, зошто по целиот скандал, од највисокото ниво на нашата влада го побарале „невлијателниот, небитен и без функција“ Јан Фигел да му се извинат за тоа што остана да чека пред скопскиот затвор „Шутка“ и мораше лично да ургира за да биде пуштен.
Дали е „многу врева за ништо“ и тоа што баш во истиот ден, сосема случајно во официјална посета на Скопје беше и Оливер Вархеи?
Случајот, случајно или не, навистина многу наликува на шекспровата драма „Комедија на грешките“.